Подгответе крем чорба со брокула и сирење

Состојки:

  • ½ филџан путер
  • 1 главица исечкан кромид
  • 4 конзерви пилешка чорба
  • 1 помало парче кашкавал исечкано на коцкицки
  • 2 филџани млеко
  • 1 лажица лук во прав
  • 2/3 филџан пченкарен скроб
  • 1 филџан вода

Подготовка:

  1. Во тенџере истопете го путерот на среден оган. Испржете го кромидот на путер додека не омекне. Потоа додадете ја брокулата и прелејте ја со пилешка супа од конзерва. Варете додека брокулата на омекне.
  2. Намалете ја темературата и ставете ги коцкичките кашкавал да се стопат. Измешајте го млекото со лукот во прав и сето тоа додадете го во претходната смеса.
  3. Во мал сад, промешајте го пченкарниот скроб додека не се раствори. Измешајте го во супата и варете мешајќи често додека не се згусне.