Подгответе мусака, но од грав!

Доколку немате некоја посебна идеја што да зготвите за ручек, а сакате да експериментирате со храната и да направите нешто ново и вкусно, муската од грав е вистинскиот избор за вас.

За ова јадење ви се потребни половина килограм грав, јајца, сирење, масло, сол, бибер и млеко.

Подготовка:

Сварете го гравот и кога ќе биде варен испасирајте го. Сварете неколку јајца, излупете ги, исечете ги на тркалца и додадете им сол и бибер. Во садот во кој ќе ја подготвувате мусаката редете ред пасиран грав, ред јајца. Над јајцата посипете изрендано сирење и малку масло, па повторно ставете пасиран грав… Така редете се додека имате од гравот и варените јајца. На крај мусаката прелијте ја со две изматени јајца со малку млеко во нив и ставете ја малку да се потпече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени додека не добие убава боја.