понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 33

Подгответе неодоливи руски капи (видео)

Готовите капи прелијте ги со чоколадо, а по желба можете да ги украсите и со бело чоколадо. Дозволете да се изладат и да се уживајте ...

ruski-kapi-640x396

Последни вести

Готовите капи прелијте ги со чоколадо, а по желба можете да ги украсите и  со бело чоколадо. Дозволете да се изладат и да се уживајте …

Состојки:

За бисквит:

4 јајца

150 гр шеќер

1/2 прашок за пециво

100 гр брашно

8 лажици вода

1 лажица какао

За фил:

1/2 л млеко

150 гр густин

1 ванила

200 гр шеќер

100 гр маргарин

За валање и прелив на руските капи:

100 гр кокос

100 гр темно чоколадо

100 гр бело чоколадо

Подготовка

Изматете ги белките со шеќерот, па додадете брашно, какао, вода и прашок за печибо. Бисквитот се пече на 180 степени Целзиусови околу 30 минути. Оставете да се излади и со чаша извадете капи со големина што вам ви се допаѓа.

Во млекото додадете шеќер и ванила и кога ќе зоврие додадете го размешаниот густин. Варениот густин треба да се излади, па тогаш додадете го изматениот маргарин. Се заедно треба да се измеша добро додека не добиете мазна смеса без грутки.

Капите што ги извадивте пресечете ги на половина и додавајте по една лажица крем и рамномерно разредете ја и по рабовите. Потоа се тркалаат во кокос.

Готовите капи прелијте ги со чоколадо, а по желба можете да ги украсите и  со бело чоколадо. Дозволете да се изладат и да се уживајте …

Најчитани вести