сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Подгответе паста со пилешко и павлака и домашен пудинг

pastasopilesko-635x396

Последни вести

За вашиот денешен ручек предложуваме вкусна паста подготвен со пилешко месо и павлака,а за десерт подгответе слатко и чоколадно задоволство.

Потребно:

500г тестенини

300г пилешки гради

200г кисела павлака

300г шампињон

100г кашкавал

150г фета сирење

сол

оригано

Подготовка:

Пилешкото се сецка на коцки и се зачинува со сол и оригано и се пржи додека не зацрвени. Потоа се додаваат печурките и се пржи додека не испари водата. На крај се додава павлака.  Тестенините се варат по упатство, се цедат и кога ќе се сервираат се додава приготвениот сос, фета сирењето и ренданиот кашкавал.

А за десерт подгответе вкусен домашен пудинг.

domasenpuding

Потребно:

700 мл. млеко

70 гр. какао во прав

70 гр. шеќер

70 гр. Путер

70. гр. брашно

2 лажици бадемово масло

Неколку излупени бадеми

Подготовка:

Во тенџере измешајте ги брашното, какаото и шеќерот. Додадете го млекото и варете ја смесата на умерен оган со постојано мешање за да не се создадат грутки.

По 5 минути додадете го путерот, па постепено намалувајте ја температурата и оставете смесата да се вари 10тина минути, а одвреме навреме промешувајте.

Во правоаголен сад кој претходно сте го намрсиле со бадемово масло претурете го пудингот од тенџерето, прекријте го и оставете го да се излади неколку часа во фрижидер.

Садот со изладениот пудинг превртете го внимателно на чинија за сервирање и декорирајте го со излупени бадеми.

Добар апетит!

Најчитани вести