Подгответе пилешко со црвен пипер за ручек

Доколку сакате да направите брз едноставен и нискокалоричен ручек, овој рецепт ќе биде идеален за вас.

Состојки

  • 1 лажица микс зачин од тревки
  • 2 лажички црвен пипер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка бибер
  • 2кг пилешки гради

Подготовка

Се комбинираат миксот од зачини, црвениот пипер, солта и биберот во мал сад. Истријте го пилешкото со зачините 30 минути пред печење. Загрејте ја рерната на средна температура и печете. Истото можете да го готвите на скара. Послужете во 4 порции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.