Подгответе салата „Сандра“

За оваа салата потребни ви се 100 – 200 грама пилешки стек (печен на скара или пржен на тава), 100 грама мешан замрзнат зеленчук (пченка, грашок, морков), 5-10 листа зелена салата, 4 лажици оцет балсамико, 4 лажици маслиново масло, 1 лажиче сенф, 50 грама кубети, малкусол по вкус.

Начин на подготовка:

1. Замрзнатиот зеленчук кратко обарете го, па оставете да се олади.
2. Исечкајте го стекот на коцкички.
3. Во длабок сад измешајте ги сенфот, оцетот, маслото и малку сол, додајте ги приготвениот зеленчук и месото, по потреба посолете уште малку, а на крајот додајте ги грицките.