Македонија

Подгответе се: Утре ќе врне снег низ целата земја

Подгответе се: Утре ќе врне снег низ целата земја

Утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од снег, на некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на крајниот југоисток само од дожд, најавуваат метеоролозите. 

Врнежите во западните и јужните делови ќе бидат пообилни, па одредени места ќе достигнат и до над 20 литри на метар квадратен.

Во поголемиот дел од земјата ќе се формира нова снежна покривка, позначителна ќе биде во западните делови. Престанување на врнежите се очекува во среда претпладне.

Утре температурите ќе се движат од минус два степени во Маврово до пет степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со дневна температура до третиот степен.