Подгответе се за дождливи денови – Следната недела намалување на температурите

Облачно време проследено со врнежи и температури кои до крајот на неделава ќе се движат околу 20 степени најавуваат меторолозите. По утрешното разведрување, среда повторно ќе донесе облаци и услови за врнежи. Токму во среда температурата ќе се искачи до 26 степени, што ќе биде највиската температура за оваа недела.
Потоа доаѓа период на наоблачување и намалување на температурите.

За викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд а во текот на идната недела температурите постепено ќе почнат да се спуштаат, за во сабота да дојдат до максимални 15 степени, додека утринската температура ќе се спушти на 2 степени.