Подгответе се за важни одлуки: Еве што ви носи тригонот меѓу Сатурн и Уран

Еве што ве очекува под влијание на овој тригон:

Овен

Уран во вашата астролошка куќа на личноста е под влијание на тешкиот бавен Сатурн и ќе ја поттикнува вашата желба за обнова или за воспоставување нов вид соработка со странците од прекуокеанските земји.

Бик

Сатурн во астролошкото поле на работата во тригон со планетата на неочекуваните ситуации ви носи нови шанси за зголемување на приходите, особено ако се занимавате со приватен бизнис.

Близнаци

Хармоничниот аспект меѓу владетелите на астролошките куќи на финансиите и на странство навестува запознавање на нови исплатливи аранжмани како и можност за чести патувања поради работата.

Рак

Планетата на неочекуваните ситуации под влијание на Сатурн од шестото астролошко поле ја поттикнува вашата амбиција и можност за напредување во кариерата, особено ако не сте лекар, научник или фармацевт.

Лав

Уран од огнениот Овен под влијание на планетата на амбицијата ви отвора нови работни можности особено ако вашата професија има поврзаност со наука, туризам, маркетинг, медиуми.

Девица

Планетата на трајноста под влијание на Уран од астролошкото поле на парите, навестува можност за хонорарни или паралелни работни места, што би можеле да ви обезбедат нов извор на приходи на подолги патеки.

Вага

Поволниот аспект меѓу Сатурн во астролошката куќа на патувањата и Уран во куќата на партнерствата ве води кон воспоставување нови контакти како и склопување нови договори со странци.

Скорпија

Позицијата на планетата на амбицијата и ризикот во астролошките полиња на пари и работа ви носи неочекуван прилив на пари преку соработка со повозрасните лица што се на положба.

Стрелец

Симболот на мудроста во вашиот знак под влијание на авангардниот Уран од астролошката куќа на креативноста ќе ви даде ветер во грб, особено ако сте уметник, предавач, спортист.

Јарец

Тригонот меѓу владетелот на вашиот знак, кои што управуваат и со вашата потсвест и партнерските односи, најавува нови шанси во кариерата, ако се занимавате со предавање, издаваштво, туризам.

Водолија

Тригонот меѓу вашите владетели во астролошките куќи на неочекуваните ситуации и контактите со странци ќе ви донесе прилив на пари преку работните места поради кои што ќе морате почесто да патувате.

Риби

Позициите на Сатурн и Уран најавуваат воспоставување на нови контакти и соработки со странци од западноевропските земји, особено ако се занимавате со архитектура, градежништво или уметност.