среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

Подгответе вкусни американски крофни

krofni

Последни вести

Состојки:
2 јајца
125гр маргарин
250мл млеко
3 лажици шеќер
1 коцка квасец
кора од лимон
брашно (по потреба)

Подготовка:

Во млако млеко додадете квасец и малку шеќер заедно со брашното и почекајте да стаса тестото.

Се матат јајцата, шеќерот, стасаниот квасец, млекото, маргаринот и кората од лимон. Се додава брашното и се замесува меко тесто. Се остава да стаса. Се сука кора со дебелина од 1см и се сечат кругови (со филџан или калап за колачи можете да ги исечете). Крофните ставете ги на набрашнет плех и оставете ги уште 15 минути така.
Се пржат во врело масло и се посипуваат со шеќер во прав или со чоколаден прелив. Украсете по желба.

Пријатно јадење!

Најчитани вести