Подгответе вкусни посни колачиња

Во пресрет на велигденските празници, поминуваме низ пост. Но тоа не значи дека треба да се лишите од вашите омилени колачи! Еве рецепт за посни, но неверојатно вкусни колачиња.

Ишлерите се посни колачиња кои лесно се прават, а тие со гаранција ќе ви ја заблажат душата за време на постите.

За да ги направите овие колачи, потребно ви е:

-180 грама маргарин

-100 грама шеќер во прав

-200 грама брашно

-џем од кајсии

За глазурата потребно ви е:

-250 грама шеќер во прав

-100 грама чоколадо за готвење

-половина чаша вода

-малку маргарин

Подготовка:

Измесете тесто од сите состојки, па оставете го половина час во фрижидер. Потоа исукајте го со дебелина од половина сантиметар и со помош на модла (или обична чаша) извадете округли форми и испечете ги на температура од 200 степени додека не заруменат, а притоа внимавајте да не станат многу тврди и препечени. Потоа направете „сендвич“ од две колачиња и џем, па целите покријте ги со подготвената глазура. Глазурата ќе ја подготвите на следниов начин. Водата и шеќерот оставете ги да зовријат и да се згуснат, па во неа ставете ја изренданата чоколада за готвење и маргаринот и мешајте додека сето тоа не се соедини.

Пријатен апетит!