Подгответе вкусни солени полжавчиња

Овие превкусни солени полжавчиња се подготвуваат брзо и лесно.

За ова јадење потребни ви се 500 грама кори, 400 грама ситно сирење или урда, 4 јајца, 150 милилитри масло, ½ пециво, 1 помал праз, 200 грама чајна или сушен свински врат, 100 грама маринирани или свежи шампињони, 200 милилитри минерална вода и мешан сушен зачин по вкус.

Начин на подготовка:

Сувиот врат или чајната, празот и печурките се сечкаат на мали коцки. Во посебен сад се мешаат сирењето, 3 јајца, 50 мл. масло, киселата вода, пецивото прво, па се додаваат сечканите продукти.

Корите за пита вертикално ги сечеме на половина, како од секоја би добиле два мали правоаголника.

Секоја кора ја попрскуваме со масло или пак ја премачкуваме со силиконска четка, па по должина на страна на почетокот ставаме од филот. Ја виткаме во ролат, ја свиткуваме како полжав и ја ставаме во намрсено тавче за мафини.

Ги премачкуваме со едно јајце и со сусам и ги печеме во загреана рерна на 200 степени додека да поцрвенат.