Магазин

Подгответе вкусно слатко од јагоди

Подгответе вкусно слатко од јагоди

Јагодите се чувствително овошје што треба да се подготвува брзо и вешто – еве еден едноставен рецепт како да подготвите слатко од јагоди без многу труд.

Состојки:

1 кг зрели јагоди

1,2 кг шеќер

1 лимонтус

Подготовка: Јагодите се мијат, се чистат и се потопуваат во вода со растворениот лимонтус. Се цедат, се редат во тенџере, 1 слој овошје, 1 слој шеќер. Се покриваат и се оставаат да преноќат, а може да останат и преку цело ноќ, на студено. Се варат на средна температура, се трга пената и кога ќе биде сосема сварено да се извади пената до крај. Преку тенџерето се растегнува чиста кујнска крпа, навлажнета со студена вода и се остава да се олади, па потоа се става во тегли.

Теглите се затвораат и се оставаат на студено.