среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 14

Подготвуваме ново намалување на цените на лековите

lekovi

Последни вести

За легализацијата на канабисот за медицински цели во Македонија и достапноста на овој препарат за тешко болните пациенти, подготовките за ново намалување на цените на лековите, за руралните аптеки и новите проекти на МАЛМЕД во интервју за zdravstvo24.mk зборува Марија Дарковска Серафимовска, директор на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија.

Измината година актуелни беа измените на Законот за опојни дроги и психотропнисупстанции со кои се овозможи легална употреба на канабисот во медицинскицели. Што се се овозможи со измената на овој Закон, односно какви ќе бидатпридобивките за граѓаните?

– Иницијативата за легализација на канабисот беше на Министерството за здравство (МЗ), а се спроведуваше во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД). Причината залегализацијата беше тоа што бевме сведоци на она со што граѓаните се соочуваа: го доведуваа нивното здравје во опасност со употреба на непроверени (неконтролирани) препарати кои ги набавуваа на црно и дополнително се соочуваа со законските прописи согласно кои употребата на овие препарати се сметаше за злоупотреба. Со измените на Законот за опојни дроги и психотропни супстанции, овозможивме законско решение со кое на граѓаните им овозможивме достапност до овие препрати со проверен и контролиран квалитет. Законското решение не е ограничувачко и овозможува конкурентност од една страна, а во исто време од друга страна и не можност за злоупотреба. Во подзаконските акти наведени се четирите индикациски подрачја за кои во моментов е дозволено (има оправданост) за препишување на канабис: третманна мултиплекс склероза, малигни заболувања, анорексија кај болни од ХИВ иепилепсија, но не се ограничени индикациските подрачја каде се може да се употребуваат овие препарати, односно оставен е простор за проширување на истите. Исто така, Законското решение не е ниту ограничувачки во однос на максимална доза на психотропната супстанца – тетрахидроканабинол(THC) која може да се ординира кај пациентот. Поточно, Законот остава простор лекарот врз основа на состојбата на пациентот сам да процени како и во која доза ќе го ординира препаратот. Добрата страна на Законот е и тоа што се дозволени и клинички испитувања.

Се наближува октомври – месец во кој согласно Законот за лекови и медицнскисредства имате обврска за ревизија на цените? Дали почнавте со ревизијата и каквисе очекувањата? Дали со оваа ревизија повторно ќе има намалување на цените налековите?

– Ревизијата на цените на лековите е Законска обврска која се прави два патигодишно (во март и октомври). Оваа Законска обврска за прв пат почна да сеприменува од март 2012 година, веднаш по до несувањето на Методологијата заформирање на цени која беше донесена во ноември 2011 година. Целта на донесувањето на Методологијата беше да се овозможи контролирање на ценатана лековите (преку споредување на цената на истиот тој лек во 12-тереферентни земји) од една страна и од друга страна овозможување на
единствени цени на лековите кои се издаваат на лекарски рецепт. Преддонесувањето на Методологија (зборувам пред 2012 година) се случуваше на пазарот лековите да имаат различна цена во различни аптеки, па граѓаните мораа да одат и со километри далеку за да го набават лекот поевтино. Сега со единствените цени на лековите на граѓаните им овозможивме истите да ги набавуваат во најблиската аптека. Во моментов работиме на ревизијата нацените која треба да биде завршена до 15 октомври. Ова е десетто по ред намалување на цените на лековите. Континуираното намалување на цените овозможи поголема достапност на лековите до граѓаните, па така на пример:цената на Pancef таблети (антибиотик) во 2011 година беше 1286 денари, а сега604 денари. Цената на Bonviva таблети (за остеопороза) во 2011 година беше 1259 денари, а сега 657 денари. Цената на Оxaliplatin ампули (цитостатик) во2011 година беше 12276 денари, а сега 4935 денари. Како што може да приметите од наведените примери, со намалувањето на цените се прават огромни заштеди. Тие заштедени средства се инвестираат во набавка на нова опрема за болниците, реконструкција на постоечките објекти, изградба на нови болници и Клинички центри итн…

МАЛМЕД исто така во соработка со МЗ работеше на уште два проекти: подвижниаптеки и рурални аптеки. До каде е овој проект и какви се придобивките заграѓаните?

– Како што веќе напоменав работевме на тоа да имаме единствени цени на пазарот на лековите. Но, ништо не сме постигнале ако на граѓаните не им овозможиме тие лекови да им се достапни во местото на живеење. Токму во оваа насока е овој проект на МЗ и МАЛМЕД. Идејата беше граѓаните да не мора да патуваат и лековите да ги набавуваат во местото на живеење. Проектот подвижна аптека го следи проектот рурален доктор и овозможува граѓаните да добијат комплетна здравствена заштита во местото на живеење. И двата проекти (рурална аптека и подвижна аптека) се успешни, што се забележува од бројот на реализирани рецепти во тие места и секако задоволните граѓани кои повеќе не мора да патуваат за да ја набават својата терапија. Досега издадени се 67 лиценци за работа на аптеки во рурална средина и 6 лиценци за работа аптеки. Во тек е Јавен повик за доделување на лиценци за подвижна аптека во местата каде сеуште не се доделени лиценци. Очекуваме на овој повик да има интерес и да се покрие што поголем дел од територијата на РМ со подвижна аптека. Во насока на поддршка на проектот оди и обезбедувањето на дополнителни средства од страна на МАЛМЕД за покривање на трошоците за гориво на подвижните аптеки.

МАЛМЕД неодамна распиша неколку тендери за набавка на лекови. Ќе ни кажете ли накратко за каков проект збор?

– Точно. Ова е исто така проект на МЗ кој се реализира во соработка со МАЛМЕД. Идејата е да се овозможи бесплатна терапија на болните од карцином со најсовремена прва линија на лекови кои не се на товар на ФЗОМ. За набавка на овие лекови средствата се обезбедни од МАЛМЕД, МЗ и на последниот тендер со свои средства учествува и Клиниката за Радиологија и онкологија. Заврши тендерот за набавка на лекот Vemurafenib (зa BRAF позитивни пациенти со меланом – рак на кожа) и пациентите веќе бесплатно го добиваат лекот за кој месечно требаше да одвојат 8000 ЕУР. Во тек е тендерот за набавка на лек за карцином на бубрег (отварањето на тендерот е на 18 октомври), така да и тој лек пациентите ќе го добијат бесплатно (месечната терапија по пациент за овој лек е 3000 ЕУР). Веќе утре ќе испратиме барање засогласност до Советот за јавни набавки за набавка на лекот Pembrolizumam (зa BRAF негативни пациенти со меланом – рак на кожа), чија месечна терапија пациент е 6000 ЕУР. Планираме овој проект да продолжи и во иднина и да се набави и лек за пациентите со канцер на бели дробови. Со тоа, сите пациенти со онколошки тешки заболувања ќе бидат покриени со најсовремена терапија (првалинија) бесплатно, затоа што за останатите онколошки заболувања веќе има бесплатна терапија на товар на ФЗОМ.

До каде е проектот за Брајлово писмо, односно дали се прави нешто во насока даим се овозможи лесно читлива и разбирлива форма на лековите за лицата со слабвид и/или слепите лица во согласност со нивните здравствени потреби?

– Во рамките на проектот означување на лековите со Брајлово писмо, задоволство ми е да информирам дека од 1 април 2015 година во промет се пуштаат само лекови што се соодветно означени со Брајлово писмо. Оваа година работевме и во насока да покрај лековите кои се издаваат на лекарски рецепт, со Брајлово писмо да бидат означени и лековите кои не се издаваат на лекарски рецепт (т.н.ОТС лекови). Постигнат е голем напредок на тоа поле и со тоа секако на лицата со слаб вид и/или слепите лица им овозможивме лесно читлива и разбирлива форма на лековите во согласност со нивните здравствени потреби.

Најчитани вести