Подметнал пожар оти не можел да ја избрка мајка си од станот

Скопјанец подметнал пожар во поткровјето на зградата во која што живеел, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 18.15 часот било прјавено дека на поткровје од зграда на улица Веселин Маслеша имало подметнат пожар. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека пожарот бил подметнат од О.Б. (57), кој претходно бил пријавен со поплака од неговата мајка Ј.Б. (78) затоа што ја бркал од станот.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
О.Б. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.