петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Подмладете го мозокот и живејте подолго!

mozok

Последни вести

Иако нашето тело со текот на годините пропаѓа, научните докази сугерираат дека тој процес може да се забави и за неколку децении. Подмладениот мозок го подмладува и целото тело, од кожата до органите. Целта е тој да се тренира, така што нема да атрофираат ниту мозокот ниту телото.

Како можете да го постигнете тоа?

Пронаоѓајте нови патишта за прошетка секој ден. Никогаш не се потпирајте само на она на кое сте навикнати. Изненадувајте го мозокот и дајте му да одлучува и да ги решава проблемите.

Талентот не е важен. Ако ја вежбате било која вештина 10.000 часа, сигурно ќе ја усовршите. Престанете да користите GPS уред и обидете се да ги запомните мапите, телефонските броеви и е-мајл адресите.

Медитирајте барем дваесетина минути секој ден, а препорачливо е тоа да го правите наутро и навчер.

Зајакнете ги вашите друштвени контакти.

Пред да заминете на спиење, поминете пет минути потсетувајќи се на детали – на пример каква е куќата на вашиот сосед или лицето на пријателот…

Најчитани вести