среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 17

Поднесени 11.000 барања за проценка на штетите од измрзнувањето

За процената на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има измрзнување на културите

Поврзани вести

На 10 мај заврши поднесувањето на барањата за проценка на штетите настанати од доцните пролетни мразеви на 21-ви и 22-ри април, а вкупно се пријавени 11.000 земјоделци кои доставиле барања до подрачните единици на Министерството за земјоделство, објавено е во вторникот.

Најмногу пријави има во Кавадарци, и тоа 3.000, 2.700 во Неготино, 2.100 Ресен, а во Берово, Делчево и во Радовиш штети пријавиле повеќе од 1.000 земјоделски стопанство. Во другите општини бројот на поднесени барања е помал.

За процената на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има измрзнување на културите.

Обештетувањето ќе се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството по проценката од страна на комисиите и по проверката од старна на бирото за судски вештачења.

Според Зоран Шалев, началник во кавадаречката подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствоод пролетниот мраз во Кавадарци пријавиле најмалку 2.600 земјоделци. Додаде дека девет комисии сé уште на терен работат на утврдување на последиците од ниските температури, кои оваа пролет ја зафатија Тиквешијата.

 

„Земјоделците бараат обесштетување за претрпените штети кај лозовите и овошните насади. Првичните сознанија од терен говорат дека мрзнењето кај овошките и виновите лози се движи од десет до сто проценти, зависно од катастарската општина и местоположбата на насадите“, истакна Шалев.

 

Најголеми се штетите во насадите покрај реките Луда Мара и Црна.

 

Најчитани вести