Македонија

Поднесени 145.475 годишни даночни пријави, крајниот рок е 15 март

Поднесени 145.475 годишни даночни пријави, крајниот рок е 15 март

Вкупно 145.475 годишни даночни пријави, од нив електронски се поднесени 733 се доставени до Управата за јавни приходи.

До крајниот рок 15. март 2016 година, до кога граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2015 година, од УЈП очекуваат да бидат поднесени 400.000 пријави.

Годишна даночна пријава (ГДП) задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни. Годишна даночна пријава треба да се поднесе и за лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација…, приходи остварени преку интернет како е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни на пример www.freelancer.com, www.upwork.com, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози на типови за спортски натпревари и други дополнителни приходи, надвор од редовнаta плата или пензија.

Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе од веб страницата на УЈП.

Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле приходи по основ на надомест од договори за дело, авторски договори и други договори за кои постоеше обврска за плаќање социјални придонеси за т.н. „хонорарци“ согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во примена од 1 јануари 2015 до 31 јули 2015 година, потребно е да ги искажат соодветно и во годишната даночна пријава, во зависност од видот на исплатата.

ГДП може да се поднесе електронски доколку обврзникот е корисник на системот е-Даноци, во даночните канцеларии на УЈП или преку пошта.