Магазин

Поднесени 279 кандидатури за Нобелова награда за мир

Поднесени 279 кандидатури за Нобелова награда за мир
Церемонии за врачување на Нобеловите награди во Осло

Добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде објавен на 10 октомври, а ќе биде избран од предложените рекордни 279 кандидатури.

Меѓу кандидатите за наградата оваа година се папата Франциско, пакистанската тинејџерка Малала Јусуфзаи, која се обиде да им се спротивстави на талибанците, и Едвард Сноуден.

Целосниот список се чува во тајност, но некои имиња се откриваат од оние кои ги предложиле.

Нобеловата награда за мир може оваа година да му биде доделена и на рускиот опозициски весник „Нова газета“, чиј косопственик е Михаил Горбачов. Тој ги вложил парите во овој пишан медиум, кои ги заработил како добитник на Нобеловата награда за мир во 1990 година.

Претходно, норвешки пратеници изјавија дека меѓу номинираните се наоѓаат и Хилари Клинтон и Кофи Анан.

Норвешка размислува да внесе промени во структурата на петчлениот Нобелов комитет. Според некои критичари, престижниот комитет не треба да вклучува во својот состав само пензионирани норвешки политичари, туку и претставници на други општествени сфери, па дури и странци.