Поднесени 42.000 годишни сметки по електронски пат

Поднесени 42.000 годишни сметки по електронски пат
Поднесени 42.000 годишни сметки по електронски пат
Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и претседателот на Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Република Македонија, Драган Митковски, заедно со тимови од двете институции, денес во просториите на Комората одржаа работна средба заради анализирање на можностите за понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете институции.

Двете страни изразија задоволство и од функционирањето на регистрационите агенти, кои претставуваат овластени подносители во Трговскиот регистар во постапки за упис на основање на трговски друштва и трговци поединци. Досега има околу 500 регистрациони агенти – сметководствени бироа со овластување за поднесување во Трговскиот регистар, дисперзирани ширум Република Македонија, и поднесувањето на пријави за упис преку системот за е-регистрација од страна на регистрационите агенти се одвива беспрекорно.

Поповски и Митковски се заложија за продолжување на тесната соработка, во насока на олеснување на условите за водење бизнис и подобрување на бизнис-климата во Република Македонија, во постојан дослух со професионалните заедници кои се корисници на услугите на Централниот регистар.