Поднесени 6 кривини пријави за велешани кои ги ограбувале бензинските на „Мак Петрол“

СВР Велес поднесе кривични пријави против шест велешани од кои еден малолетник, за сторени кривични дела „разбојништво“. Како што информира, Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, пријавите се поднесени поради основи за сомнение дека сторителите во два наврати ја ограбувале бензинската пумпа на „Мак Петрол“, и тоа на 29 декември 2013 година и на 26 март 2014.

На пумпите лоцирани на улиците „Алексо Демниевски“ и „Димитар Влахов“ со закана со нож, од вработените одзеле вкупно 126.359 денари или околу 2.060 евра.

Кривични пријави се поднесени против О.Т (23) , Ѓ.Д. (26), Ѓ.С. (25), С.М. (22), В.А. (20) и Р.С. (17). Пријавените кои и претходно и биле познати на полицијата за сторени кривични дела, вчера се изведени пред надлежен суд по што им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.