Поднесени 650 барања за бесплатна бања во кочанско

На објавениот повик за користење на услугите за бесплатен туристички викенд и бањско- климатска рекреација, регистриран зголемен интерес кај пензионерите од Кочанско.

– Во Подрачната едница на фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Кочани до денеска се поднесени 650 пријави за користење бесплатен туристички викенд и бањско- климатска рекреација. Сепак поголем е интересот за бањско климатска рекреација. Нивниот број очекуваме да се зголеми, изјавила за МИА, Мима Арсова, раководител на Подрачната единица на фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Кочани.

Од воспоставувањето на услугата бањско-климатска рекреација од Кочани оваа услуга ја ископристиле 2.500 пензионери.