Македонија,Крими хроника

Поднесени 7 кривични пријави против малолетни лица за инцидентите во Ѓорче Петров

Поднесени 7 кривични пријави против малолетни лица за инцидентите во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи информира дека поднело седум кривични пријави против малолетни лица по документирањето на видео записите за инцидентите за нарушување на јавниот ред и мир на протестите во Ѓорче Петров, кои се случија на 20 мај оваа година.

По извршената идентификација, МВР поднесе кривични пријави против В.М. (17), Љ.Ј. (15), М.В. (15), М.Д. (17), Е.Ј. (16), Д.С. (17) и С.М. (15) за кривично дело „Учество во толпа што ќе спрели службено лице во вршење на службено дејствије“.

Пријавените околу 20 часот на ненајавен протестен собир на улицата Ѓорче Петров, во близина на болницата „Свети Лазар“, а потоа и кај старото кино во Ѓорче Петров, телесно повредиле 10 полицајци со фрлање на камења.

Пријавените, претходно, околу 18 часот се собрале кај болницата „Свети Лазар“, да изразат револт по убиството од претходниот ден.

На протестот присуствувале околу 500 граѓани.

По преземените мерки и активности, како и по извршениот преглед на снимениот видео запис, МВР ги утврди индентитетите на учесниците и тие се повикани на информартивни разговари.

Одделението а насилен криминал и понатаму работи на прибирање на докази и за други учесници, сторители на кривични дела.