Поднесени две кривични пријави за кражба на дрва во Велгошти

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б.(48) и М.Б.(20) двајцата од село Велгошти, охридското поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “кражба“.

На 14.10.2014 година во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба.

Пријавените транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило “џип Нисан Патрол“ без регистарски ознаки управувано од првопријавениот, без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт.