Поднесени над 40.000 барања за отпис на долговите

На последниот ден од пријавувањето за отпис на долговите, поднесени се 2.000 барања, а до 16 часот вкупната бројка на поднесени барања изнесува 40.814, пренесува МИА.

Заинтерсираните лица од ранливите категории барањата до центрите за социјална работа може да ги поднесат до 18 часот. 

Според минситерот за труд и социјална политика бројката е во рамки на очекуваното.

– Со овој проект се обдиовме да ги опфатиме оние категории граѓани кои се во најтешка положба. Имаа доволен временски период од околу два месеца за да аплицираат и да го искористат правото за еднократен отпис на долговите, проект кој што ни беше и предизборно ветување и кој го стартувавме како прв проект со цел да им дадеме можност полесно да го надминат социјалниот ризик на оние граѓани кои се во најтешка состојба, истакна министерот Спасов.

Поднесувањето барања за отпис на долговите почна на 18 август. Се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата.

Барања може да поднесат лица приматели на социјална помош, невработени и лица што имале смртен случај или инвалидитет во семејството и поради тоа не можат да ги исплаќаат обврските.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.