Македонија,Крими хроника

Поднесени пријави за нелегално користење на дрога

Поднесени пријави за нелегално користење на дрога

Министерството за внатрешни работи поднесе 6 кривични пријави против шест лица во одвоени случаи за нелегално користење и пуштање во промет на наркотични средства.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против лицето В. И.(30) од Прилеп, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. На 28.03.2014 година, во Прилеп на ул „Дабничка„ во населба Тризла извршен е преглед над лице од Прилеп, при што се запленети 2,98 грама марихуана, која претходно ја купил од пријавениот.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против лицето И.А.(26) од Прилеп, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. На 30.04.2014 година, во Прилеп на ул „Лазо Филипоски„ извршен е преглед над пријавениот, при што се запленети 2,62грама марихуана.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против лицето Т.С.(26) од Прилеп, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. На 01.09.2014 година, во Прилеп на ул „Мице Козар„ извршен е преглед над лице од Прилеп, при што се запленети 0,23 грама марихуана, која за паричен надомест од 150,00 денари ја набавил од пријавениот.

ПС Гостивар, поднесе кривична пријава против Е.Б.(26) од с.Здуње, гостиварско и И.Ј.(24) од Гостивар за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги„. На 21.03.2014 година, во дел од објект во с.Здуње, затекнати се пријавените и при извршен личен преглед над истите пронајдени се и одземени две пакувања со 77,82 грама марихуана и една рачно изработена цигара со 0,76 грама мешавина од тутун и марихуана, кои ги овозможувале на уживање на други лица во истиот објект.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(25) од с.Глоѓи, тетовско, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. На 07.07.2013 година на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, извршен е преглед над пријавениот, при што се запленети 3,9 грама марихуана, која најверојатно ја набавил од Швајцарија.

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.Т.(23)од Велес, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.10.2014 година, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот и при тоа се пронајдени 31,93 грама марихуана која пријавениот пред околу две недели ја купил од непознато лице од Скопје.