Македонија,Крими хроника

Поднесени три кривични пријави за кражба на охридска пастрмка

Поднесени три кривични пријави за кражба на охридска пастрмка

Во текот на изминатиот месец повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

Согласно законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави.

Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба, поради што поднесени се прекршочни пријави.