Поднесено барање за стечај на АД Топлификација

Денеска до Основен суд 2 Скопје е поднесено барање за стечајна постапка на Топлификација АД Скопје од страна на акционери во
компанијата заради повеќегодишен ненадмирен долг.

Според извори од акционери, долговите на компанијата не се исплаќаат повеќе од пет години, поради тоа што Топлификација е постојано со блокирана сметка заради милионски долгови кон различни банки и компании, вклучувајќи ги и акционерите.