Поднесено обвинение против 11 уапсени во акцијата „Келија“

Основното јавно обвинителство вчера поднело обвинителен акт против 11 лица за предметот познат под полициска акција „Келија“.

Обвинетите се теретат за „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

На сите 11 обвинети лица, кривичниот совет им го продолжил притворот во траење од 30 дена.

Во полициската акција „Келија“ која беше спроведена на почетокот на август минатата година беа уапсени девет лица кои беа поврзани со регрутација и логистика за странски терористички организации, а во продолжението на истрагата беа уапсени уште две лица.