Македонија,Крими хроника

Поднесено обвинение за возачот кој ја прегази Фросина на Партизанска

Поднесено обвинение за возачот кој ја прегази Фросина на Партизанска

Обвинение е поднесено против Љ.В., роден 1987. година, сторител на сообраќајната несреќа на 3. април на булеварот „Партизански одреди“, во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка.

Осомничениот од страна на обвинителството се товари за две кривични дела и тоа тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Од Обвинителството соопштуваат дека во текот на истрагата врз основа на пронајдените материјални траги – остатоци од ДНА профили е утврден идентитетот на сторителот на оваа сообраќајна незгода.

Оттаму додаваат дека трагите се поклопуваат со ДНА профилот од лицето кое во полициската станица, се пријавило како сторител на овој кривично правен настан.

Утврдено е дека Љ.В. возел со брзина поголема од дозволената, имал 1,23 промили алкохол во крвта во моментот на несреќата, како и дека не посветил должно внимание при приближување кон крстосница со означен пешачки премин.

frosina

Во текот на истрагата се испитани и сведоци – очевидци на настанот кои се произнеле по однос на релевантни околности од критичниот ден од местото на настанот, а во својство на сведок – оштетен е испитан таткото на Цековска.​