Поднесете годишна даночна пријава во УЈП до 17-ти март

Рокот за поднесување на Годишната даночна пријава е 15-ти март, а бидејќи последниот рок паѓа во сабота (неработен ден), Управата за јавни приходи потсетува дека согласно законот даночните обврзници своите пријави ќе можат да ги поднесат и на 17-ти март понеделник, како прв работен ден.

Според последните податоци, до УЈП се поднесени 108.763 Годишни даночни пријави од граѓаните, од кои 760 се доставени по електронски пат.

Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе преку веб страницата на УЈП или да се добие во даночните канцеларии на УЈП.

Годишната даночна пријава, пополнета во два примерока потребно е да се поднесе во надлежната даночната канцеларија на УЈП, според местото на живеење или преку е-даноци.

Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира…, односно е со привремен престој во Скопје, како и сите други граѓани својата даночната пријава може да ја поднесат и во Контакт центарот Скопје (ГТЦ 2-ри кат, над Кино Милениум), кој работи секој ден од девет до 20 часот, освен недела.

Исто така, имате можност пријавата да ја поднесете по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП. За да видите каде се лоцирани нашите даночни канцеларии низ Републиката, односно кои се адресните податоци на Регионалните дирекции на УЈП.