Подобрен кредитниот рејтинг на Русија

Агенцијата Moody’s ја подобри во петокот прогнозата за кредитниот рејтинг на Русија од „стабилна“ во „позитивна“, образложувајќи ја оваа одлука со доказите за силата на институциите и економската и фискалната отпорност на земјата.

Воедно поврден е актуелниот рејтинг на Русија на ниво „Ба1“, коешто на инвеститорите им сугерира дека руските хартии од вредност се купуваат од шпекулативни причини и да не ги квалификуваат како вложувања.

Според оцената на агенцијата, рускиот рејтинг е одраз на рамнотежата меѓу фискалната моќ, до некаде подобрените економски изгледи и ефикасните одговори на економските предизвици и краткорочната изложеност на надворешните настани.

Истакнуваат дека руските власти креирале прагамтична монетарна, курсовна и фискална политика за да го амортизираат остриот пад на цените на нафтата, кој траеше неколку години со ред, како и повеќегодишнаа изложеноста на санкциите од Европската унија, САД и другите нивни западни сојузници.

Воедно среднорочните макроекономски прогнози за Русија се поодбри отколку што беше прогнозирано пред една година кога Moody’s ја измени прогнозата за рускиот кредитен рејтинг од „негативно“ во „позитивно“. Се очекува, исто така, макроекономските подобрувања да се продолжат и на подолг рок.

Постепеното попуштање на монетарната политика веројатно ќе го поттикне растот на економските активности во широка лепеза од сектори, вклучително и закрепнувањето на градежниот сектор благодарејќи на засиленото хипотекарно кредитирање, проценуваат во Moody’s.

Одредени предизвици, сепак, сé уште се присутни, предупредуваат од агенцијата, истакнувајќи дека и во претстојниот период се очекува придушен потенцијален раст на Русија, на ниво од околу 1,5 отсто. Воедно загриженоста за отпорноста на банкарскиот сектор дополнително го засилува огромниот недостиг од капитал во трите големи руски банки.
Во извештајот на Moody’s се додава и дека би можеле да го разгледаа намалувањето на рејтингот доколку се случи влошување на кредитната метрика или надворешните позиции, со што би се ограничил просторот на земјата успешно да се носи со евентуално повторен остар пад на цените на нафтата, како важен извозен продукт на Русија.

На рејтингот негативно би можело да влијае и евентуалното ограничување на заемодавните активностите на банкарскиот систем, особено во случај воведување на нови санкции, напомнуваат од Moody’s.