Подобрена здравствената состојба на Бата Живоиновиќ

Актерот Велимир Бата Живоиновиќ, кој пред две недели беше хоспитализиран, сега е тргнат од апаратите за дишење и состојбата му се подобрува по последниот хируршки зафат.

Српските медиуми пренесуваат дека состојбата на Бата моментално е подобра и дека може самостојно да дише. Затоа лекарите донеле одлука да го тргнат од апаратите.

Инаку, на 82-годишниот актер итно му беше ампутирана ногата поради гангрена.

Бата е опериран во петокот и ногата му е ампутираната над коленото.

Добрата вест е што конечно е тргнат од апарати и може самостојно да дише.