Подобрено финансиското работење на јавните здравствени установи

Финансиските контроли на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за првото полугодие на 2014 година, констатираа подобрувања кај јавните здравствени установи, особено кај универзитетските клиники и болниците, кои се резултат на соработката и следењето на препораките за подобро финансиско работење од страна на ФЗОМ. Со извршените контроли се утврдија следниве подобрувања во работење на ЈЗУ:

 Зголемен степен на одговорност кај менаџментот на контролираните јавни здравствени институции,  која се следи преку се помал број на дадени препораки од страна на финансиската контрола, односно исполнување на дадените препораки од претходно извршените контроли;

– Поефикасна сметководствена евиденција преку воведување на софтери за материјална и финансиска евиденција;

– Полесен и транспарентен начин на фактурирање, минимизирање на грешките во фактурирањето, како резултат на воведување на електронска фактура, е-услуга на ФЗОМ;

–  Подобрување на механизмите за внатрешна контрола во делот на раководење со постапки за јавни набавки и реализација на договорите;

– Исплата на обврски според датум на доспевање и без преферирање на добавувачи;

– Се води поголема евиденција со цел домаќинско трошење на средствата, поефикасно и поефективно се раководат со расположливите ресурси;

–  Следењето на препораките на финасиската контрола на фактурите на ЈЗУ резултираа со зголемена стручност на вработените во ЈЗУ кои се одговорни за фактурирање и намалување на процентот на грешки;

Препораките и едукацијата на финансиската контрола на ФЗОМ, резултираше со намалување на процентот на грешно фактурирани пресметки, од 32,30% во 2011 година, 16.92% во 2012 година, 4,68% во 2013 година на 2,19% во прво полугодие во 2014 година.

Тимовите на финансиска контрола на Фондот за здравствено осигурување на Македонија извршија 286 финансиски контроли во сите 112 јавни здравствени установи во Република  Македонија. Во првото полугодие на 2014 година, поголем фокус на финансиска контрола беше начинот на спроведување на постапките за јавни набавки. Во наредните финансиски контроли ќе се продолжи со контрола на спроведување на постапките за јавни набавки.

Целта на финансиската контрола е проверка на финансиското работење, согледување  дали трошењето на средствата е домаќинско, се утврдува дали институциите во своето работење се ефикасни и економични. Финансиската контрола обезбедува проток на информации од Фондот кон ЈЗУ и обратно се што се постигнува едукативна функкција. Оваа соработка овозможува јавните здравствени установи да се стекнуваат со сознанија за корекција и добиваат сет на препораки за подобрување на детектираните сегменти во работењето, а ФЗОМ континуирано го следи нивното исполнување.

Деталите од полугодишниот извештај за финансиска контрола на јавните здравствени установи е објавен на официјалната веб страница на ФЗОМ (www.fzo.org.mk).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.