„Подобро да признаеме дека монтираме материјали, отколку Бранко да ни се налути“

Заев бара смена на директорот на МТВ. Замислете главна фигура во државата стана директорот на МТВ и сега тоа е проблем зошто нема демократија во државата. Си викам Бранко порано барем поубедливи услови и барања поставуваше, некако попаметно сето тоа изгледаше.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски, на денешниот собир во спортскиот центар Борис Трајковски пред толпата граѓани, симпатизери и членови на ВМРО ДПМНЕ.

-Туку ај да не го спомнуваме Бранко, ќе треба СДСМ потоа да му се извинува повторно, па Жерновски да објаснува како без него немало да победи. Ги гледавте завчера нели. Многу непријатно. Просто срам да те фати вака од што гледаш. Им се испуштило, не го исекле како што треба, па толку се уплашени од Бранко што дури и признаа дека ги сечат материјалите што ги пласираат во јавност, што е сериозен скандал сам по себе. Ама стравот им бил поголем. Си рекле остај подобро дополнително да се избрукаме и да признаеме дека сечеме и монтираме, отколку БЦ да се подналути. А тој кога ќе се поднаљути, опасен е, па може да почне да потсетува за секој од нивното сегашно раководство, да почне да вади материјали, да потсети дека Верушевски прво за него работеше. Значи многу незгоден. И овие си се повлекоа, си поплукаа по себе и веднаш престројување во битката против диктатурата, истакна Груевски.