сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Подобрување на регулативата и условите за работа за поквалитетни човечки ресурси

ssk

Последни вести

Допрецизирање на регулативата, постојано подобрување на условите за работа од страна на приватните компании и исполнување на обврската од семејствата за создавање кадри подготвени за пазарот на труд.

Тоа се насоките во кои постојано треба да се работи за подобрување на условите и вработливоста на кадрите на пазарот на труд и унапредување на продуктивноста на компаниите, потенцирани на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори за „Зголемување на квалитетот на човечките ресурси, процес кој не смее да запре“, пренесува МИА.

Според Дарко Велков, член на Управниот одбор на ССК, стопанствениците со зголемено повлекување на ученици на пракса ја создаваат довербата и се подготвени да земат повеќе ученици од средното стручно образование веднаш по завршување на школството.

Веруваме дека со подобрување на менторската програма ќе се зголемува квалитетот и бројот на ученици на кои ќе им биде понудена работа. Но, постојат струки со реално високи трошоци за пракса и затоа е потребно допрецизирање на членот 14 од Законот за стручно образование и да се направи одредена мотивација на компаниите за земање повеќе ученици од средното стручно образование, рече Велков.

Посочи дека во моментот во сите производни компании има потреба од квалитетен, стручен и обучен кадар и стопанствениците имаат предизвик да најдат такви работници, додека поголем дел од учениците се запишуваат во медицинско, угостителско и економско средно стручно училиште.

Во делот на стопанството, според Велков, дојдено е време кога треба да се задржи најквалитетниот кадар и притоа треба постојано да се инвестира во создавање подобри услови за работа.

Секоја компанија мора да има одделение за човечки расурси и мора да ги подобри условите за работа на сопствените работници. Тоа треба да се прави со постојани обуки и подобрувања. Сега е фаза во која е потребна втора генерација на менаџери кои што ќе повлечат напред и стопанството мора да ги гради своите идни менаџери и да ги обучи со одредени вештини, како лидерство, мотивација на тимови, управување и правилно делегирање, рече Велков.

Третиот превец, продолжи тој, е дел во кој сите учествуваме и подеднакво сме одговорни за сегашните и идни генерации. Сите ние во одреден период од животот можеме навистина да влијаеме децата да се стекнат и имаат добри лични вештини, како културно однесување, деловно обраќање, постојана иницијатива и да имаат желба за лично усовршување.

Колку имаме подобар кадар, толку повеќе ќе бидеме интересни за инвестиции. Стопанството, мора постојано да инвестира во своите вработени, а Македонија нема друг избор и мора да има најдобри кадри, нагласи Велков.

Најчитани вести