Подолг период надвор од функција е единствениот мамограф во болницата во Куманово

Мамографот во општата болница Куманово не функционира речиси цела седнима, поради дотраеност и дефект, информираат надлежните од болницата.

Пациентките од градот и соседните општини од североисточниот регион се упатуваат на скопските клиники.

Мамографот во кумановската болница се користи 21 година, а вработените информираат дека надлежните институции се запознаени со проблемот.

Мамографот престана да работи поради дотраеноста и се појави траен дефект. По последните мерења се покажа дека апаратот е неисправен и мореше да се стави вон функција“, истакна доктор Славица Јакимовска, специјалист по радиодијагностика.