Подолски и официјално во Интер

Фудбалерот на Арсенал Лукас Подолски официјално е позајмен играч на миланскиот Интер.

Германскиот напаѓач за италијанскиот клуб ќе настапува во следните шест месеци, а последниот период не беше задоволен од својата минутажа во Арсенал.

Подолски веќе го направи првиот тренинг со екипата, а се најде во составот од 25 играчи на кои ќе смета Роберто Манчини за дербито против Јувентус.

Тој во текот на кариерата играше за Келн и за Баерн Минхен, каде ги оствари најголемите спортски остварувања.

За фудбалската репрезентација на Германија Подолски досега одигра 121 натпревар и постигна 47 погодоци.