Подолски (не)реална желба на римската волчица

Амбициозните сопственици на италијанскиот калчолигаш Рома, во следните неколку дена ќе испратат официјална понуда за германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Лукас Подолски.

Понудата на римската „волчица” за крилниот напаѓач сигурно нема да биде помала од 20 милиони евра.

Освен обештетувањето, кое може да биде реален проблем за римската „волчица”, италијанскиот клуб можно е да има проблем и со најголемата желба која ја има репрезентативецот на Германија.
Крилниот напаѓач на лондонскиот премиерлигаш пред неколку недели изјави дека кога ќе стави крај на својата авантура во Англија, планира да се врати во Германија каде неколку сезони ќе го носи дресот на својот матичен клуб Келн.