Подолски потврди дека не мрда од Емирати

Репрезентативецот на Германија, Лукас Подолски изјави дека е среќен поради фактот дека и во новата клупска сезона ќе го носи дресот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

“Според моменталната ситуација, јас се уште сум фудбалер на Арсенал и така ќе биде и во новата клупска сезона. Ја донесов вистинската одлука кога ја прифатив понудата на лондонскиот клуб. Ја искористив шансата да играм за голем клуб, да играм во најдобрата лига во целиот свет. Среќен сум во Лондон, уживам во градот, уживам во англиската Премиер лига, уживам во Арсенал. Никогаш нема да ги заборавам последните две години од мојот живот. Уубеден сум дека ќе имав далеку поголема минутажа доколку не ја заработев тешката повреда која ме одалечи од фудбалскиот терен цели пет месеци. И покрај долгата пауза, јас сум задоволен од тоа што го прикажав во изминатата сезона. Имав статус на стандарден првотимец, постигнав осум погодоци, запишав четри асистенции и го освоив пехарот во англискиот ФА Куп”, изјави крилниот напаѓач.