Подолски позајмен во Интер

Фудбалерот на Арсенал Лукас Подолски во наредните шест месеци ќе игра на позајмица во Интер, тврди „Скај Италија“.

Спортскиот директор на италијанскиот тим Пјеро Аусилио во Лондон договорил позајмица на германскиот репрезентативец, која „нероаѕурите“ ќе ги чини околу 2 милиони евра.

Интер на крајот на сезоната ќе има можност да го откупи договорот на Подолски доколку плати 6 милиони евра. Промоцијата на Германецот се очекува да биде во понеделник.

Тој оваа сезона немаше голема минутажа во лондонскиот тим, а одигра само шест мечеви во Премиер лигата. Арсен Венгер пред два дена тврдеше дека Подолски не е за продажба, но сепак Германецот упорно инсистираше да замине во друг клуб, бидејќи сака да игра, а не од клупата за резервни фудбалери постојано да ја чека својата шанса.