Подолски пристигна во Интер

Подолг период се “шушкаше” за евентуална позајмица на Подолски во Интер, но стратегот на “топџиите”, Арсен Венгер постојано ја демантираше веста.

Сепак, во текот на вчерашниот ден дојде до потврда на гласините, откако Подолски пристигна во Италија за да го комплетира договорот според кој ќе остане во Интер до крајот на сезонава.

полди 2

Пречекан од 50-тина најверни фанови, популарниот “Полди” се сликаше со шалот на Интер.

“Среќен сум што сум тукa. Сакав да дојдам овде. Ја знам италијанската лига. Тоа е едно силно првенство, сакам да му помогнам на Интер да влезе во Лигата на шампионите наредната сезона. Исто така сме и во Лига Европа, па ќе видиме што ќе се случува. “Форца Интер” и се надевам на добра сезона”, изјави Германецот по пристигнувањето во Милано.

Подолски би можел да дебитира уште во вторник навечер на дербито во Серија А против Јувентус.