Спорт

Подолски сака германската колонија да биде збогатена со Кедира

Подолски сака германската колонија да биде збогатена со Кедира

Германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Лукас Подолски, откри дека ќе биде пресреќен доколку во новата клупска сезона соработува со репрезентативниот колега од редовите на Реал (М), Сами Кедира.

Одличниот играч за врска веќе подолг временски период важи за голема желба на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, но популарните “топчии” не можат да му го исполнат главното барање да има неделна плата од 250 илјади евра.

“Нема потреба од некакво убедување, не треба да го убедувам да се пресели на “Емирати”. Сами знае дека ќе му биде многу забавно ако се пресели во редовите на Арсенал. Знае дека ќе ужива со мене, со Озил и Мертесакер. Убаво ни беше за време на Мундијалот во Бразил, уживавме во секој момент поминат заедно. Ќе бидам пресреќен доколку се пресели во Лондон, изјави Подолски.