Подолски убеден дека Бразил е под голем притисок

Репрезентативецот на Германија, Лукас Подолски е убеден дека домаќинот на јубилејното 20. Светско првенство, селекцијата на Бразил чуствува поголем притисок пред денешниот полуфинален дуел кој ќе биде одигран во Бело Хоризонте и кој ќе стартува во 22:00 часот.
“Во добра форма сме и имаме добра низа, но не е важно како играме, важно е да победиме. Ова е СП, не е како лига во некоја земја. Тука не може да си дозволите пораз. Мора да се фокусирате на сите натпревари и да не загубите ниту еден. Бразил е под притисок бидејќи се домаќини. Ние ќе играме пред 70 или 80.000 навивачи и тоа е во ред, нема притисок бидејчи навикнати сме да играме големи натпревари далеку од дома”, изјави фудбалерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.