„Подравка“: Нема салмонела во „Вегета“

Дополнителните анализи од три лаборатории утврдија отсуство на бактеријата „Салмонела спп“ во сериите на „Вегета“, кои беа во повлекување, со што е потврдена здравствената исправност на зачинот, соопшти денеска компанијата „Подравка“.

„Подравка“ во средата објави дека го повлекува зачинот „Вегета“ од пазарите во Австрија, Германија и Словачка, бидејќи за време на рутинска контрола во Австрија е утврдено да постојат индиции за присуство на „Салмонела спп“ во траги во еден изолиран случај.

Поради тоа „Подравка“ самоиницијативно го повлече зачинот „Вегета“ од 250 и 500 грама од трите пазари.

Компанијата посочува дека контролата на квалитетот се спроведува во согласност со важечките закони и регулативите на Европска унија.