Подводна потрага по црната кутија од МХ 370

Бродот на австралиската воена морнарица „Оушен шилд“, кој со себе влече локатор за сигнали на американската морнарица и британскиот ХМС Ечо, кој има опрема за подводна потрага на должина од 240 километри во јужниот дел на Индискиот Океан,  почнаа подводна потрага по исчезнатиот авион „Малезија ерлајнс“.

Снимачите на податоци од авионите емитуваат краток пинг звук кој опремата на тие бродови може да го дететктира. Меѓутоа, тие уреди работат на батерии и престануваат да емитуваат звук околу 30 дена откако ќе се случи несреќата, што значи дека тимовите кои трагаат по нив имаат уште малку време, бидејќи летот 370 исчезна од радарот на 8 март.

Лоцирање на рекордерот на податоци, или црната кутијакако што популарно се нарекува, после тоа е можно но многу тешко.

Просторот за потрага е избран на основа на регистрирани звуци кои ги праќал авионот на секој час.

Областа која е со најголема веројатност каде што би можел авионот да падне е местото каде што ќе почне подводната потрага. Тоа е пресметано на основа на податоци кои неодамна стигнале и се најдобри расположливи податоци.

Бродови и авиони трагаат веќе со недели за оингот 777 Малејжан ерлајнс, но  за сега не е најдена никакван трага од авионот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.