Свет

Подводна снимка откри звук: Дали станува збор за исчезнатиот авион?

Подводна снимка откри звук: Дали станува збор за исчезнатиот авион?

Научниците од Универзитетот во Перт последниве неколку дена ја анализираат видео снимката која е снимена од подводните микрофони во Индискиот океан.

Се работи за снимка која е направена на денот кога исчезнал малезискиот авион на осми март оваа година. Научниците велат дека тоа може да биде звукот од падот на авионот во Индискиот океан, но може да биде и звук од земјотрес.

На снимката десет минути откако авионот изгубил контакт со контролорите на летови, се слушаат нискофрекреквентни звуци кои на момент стануваат поинтензивни, што може да се протолкува како можен момент на пад на авионот во океанот. Звукот дошол од локација од околу 5 илјади километри западно од Перт, каде се наоѓа и центарот за координација за потрага по исчезнатиот авион.

Научникот Алек Данкан истакнал дека 90 отсто е сигурен дека звукот е предизвикан од земјотрес, но сепак сака да бидат направени детални анализи за да биде уверен во тоа.

-Истиот сигнал е забележан на неколку приемници па сакаме да бидеме сигурни дека не станува збор за авионот. Да бев јас на местото на трагачите по авионот, веднаш би отишол на локацијата од каде стигнал звукот и би прегледал. Таму не се случуваат многу работи кои произведуваат таков звук, заклучил Данкан.

Малезискиот Боинг 777 исчезна на 8 – ми март и оттогаш му се губи секаква трага. Во авионот имало 239 патници и членови на екипажот.