Поетот Раде Силјан доби меѓународна награда

Македонскиот поет Раде Силјан е добитник на меѓународната награда „Самовилско коњче“, што ја доделува бугарскиот Сајт за уметност и култура „Артновини“ од Софија, соопшти „Клуб Матица“.

„Признанието на нашиот автор му е доделено за неговиот придонес во зближувањето на македонско-бугарските културни врски во изминативе две децении и за неговата поетска книга „Зло време“, што неодамна излезе од печат во издание на издавачката куќа „Богианна“ од Софија, во превод од македонски на бугарски јазик на писателот Владимир Луков“, се наведува во соопштението.
На свеченоста, што се одржа во Бугарската телеграфска агенција признанието на Раде Силјан му го врачи познатиот бугарски скулптор Ивајло Савов, кој е и автор на статуетката што го симболизира Самовилското конче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.