Поетри слем денеска во ДПМ

Поетри слем, на кој ќе настапат претставници на младата бит генерација која во нашиот книжевен простор се повеќе го привлекува вниманието на литературната јавност, денеска ќе се одржи во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Поетри слемот ќе го води Елена Пренџова.

Ќе настапат поетите Никола Илијовски, Билјана Т. Димко, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска, Афродита Николова, Игор Трпче, Драгица Здравеска, Ристе Иракоски, Перо Сарџоски, Цветанка Колева, Габриела Станоеска, Ивана Стојковска, Димитри Соле Љубин, Дамијан Каранфилов, Џенк Ејуп, Исидор Јованоски и Андреј Ал-Асади.

Со оваа средба ДПМ ја отвора можноста за презентација на новите алтернативни поетски движења во духот на коегзистенцијата на различни книжевни идеи со заемни надополнувања и со отворен интерес едни кон други.