Поетска средба со Благој Самоников

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје,на 20 декември (вторник) во 12 часот 2016 година, Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје организираат поетската средба со штипскиот писател Благој Самоников.

На средбата за авторот ќе говорат и негови  стихови ќе читаат современите македонски поети: Веле Смилевски, Раде Силјан, Михаил Ренџив, Ефтим Клетников, Гордана Михаилова Бпошнакоска, Кристина Николовсска, Паскал Гилевски и Трајче Кацаров.

Во оваа пригода ќе биде одбележана и 93-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, Ацо Шопов.

Водител на програмата ќе биде артистот Страшко Милошески.